август 16, 2024

Превенција од топлотен бран

Топлотната исцрпеност на луѓето е зачестена појава во денови кога дневните температури се покчени. Затоа на ден 15.08. и 16.08.2024 волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинската организација Куманово поделија ладни водички на 120 случајни минувачи пред Општинската организација. Со ова е покриен и дел од испланираната летна програма. Беше убаво да се види нешто посјајно од летното Сонце – насмевките и изненадените лица на случајните минувачи.

< врати се назад