јули 3, 2024
Превентивни активности на младите на ООЦК Куманово
На ден 01.07.2024 година (понеделник) волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово имаа активност на Градскиот плоштад во Куманово за превенција и заштита на здравјето на граѓаните каде беа поставени штандови на кои се проверуваше крвен притисок и шеќер во крв. Случајните минувачи беа многу задоволни од вниманието кое им го пружија нашите волонтери на кои 55 лица од 60-70 годишна возраст им беше измерен крвен притисок и на 45 лица од 50-70 годишна возраст им беше измерен шеќер во крв.
See insights and ads