Општински натпревар по прва помош
Според календарот на традиционални манифестации на Црвениот крст на Република Македонија- општинска организација Кумановво на 31 мај 2019 година на Градскиот плоштад се оддржа општински натрпевар по прва помош во категорија подмладок и млади.
На натпреварот учество земаа вкупно 9 екипи од кои 3 екипи од средните училишта од Куманово, 5 екипи од основните училишта и екипата од Клубот на млади. Натпреварот се одвиваше на 3 работни места со по 3 повреди. Екипата од Гимназија Гоце Делчев во категорија млади се покажа како најуспешна и го освои првото место, додека во категорија подмладок првото место го освои екипата од ООУ Браќа Миладиновци. На првопласираните екипи и од двете категории им беше доделен пехар и дипломи, а на останатите екипи благодарници за учество на натпреварот. Младите волонтери дадоа сопствен придонес за поуспешна реализација на натрпреварот кој се одвиваше во натпреварувачки дух.