октомври 3, 2022

Одбележување на 1-ви октомври – Меѓународен ден на старите лица

 

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Куманово по повод Одбележување на 1-ви октомври – Меѓународен ден на старите лица и оваа година традиционално на ден 03.10.2022 година организираше активности со цел да се подигне јавната свест на населението за правата на овие лица, како и потребата за нивна грижа и помош.

Активноста започна со делење на информативни флаери за правата на старите лица и за нивната здравствена и социјална заштита. Исто така, волонтерите од Клубот на млади во соработка со Здружението на пензионери беа во посета на Домот за стари лица ‘’Зафир Сајто’’ Куманово, каде што беа организирани најразлични активности со цел забава на старите лица. Така, на самиот почеток на сите им беа поделени колачиња, а на секое колаче имаше напишано порака од страна на волонтерите на ООЦК Куманово. Потоа, старите лица на лист хартија пишуваа пораки и совети до младите, а забавата продолжи со музика и песна каде волонтерите заедно со старите лица ги пееја познатите македонски песни, играа и се забавуваа.

 

            Со оваа активност беа опфатени 120 стари лица – корисници од Домот за стари лица ,,Зафир Сајто‘‘ и 12 стари лица поддржувачи од Здружението на пензионери Куманово.

 

< врати се назад