
Одбележување на Неделата на борба против срцевосадови заболувања 21-28 февруари
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Куманово ја одбележа Неделата на борба против срцевосадови заболувања која трае од 21- 28 февруари 2025 година, под мотото: “Здрави животни навики во борба против срцевосадови заболувања”.
Во склоп на неделата се организираа едукативни предавања од кои 1 за наставници и 3 со членови на Општинската орагнизација Куманово на возраст од 30 – 60 години. На истите им беше извршено мерење на крвен притисок. Предавањата ги одржа Д-р Елена Николиќ, а присутни беа вкупно 89 учесници.
Целта на овие активности беше да се подигне свеста за сериозноста на болестите на кардио – васкуларниот систем, како и едукација околу наједноставните начини на превенција кои треба да ги усвоиме како навики во секојдневното живеење, и тоа како нездравата исхрана, физичката неактивност, употребата на алкохол и тутун како и стресот се едни од најважните фактори за ризик од срцеви заболувања и мозочен удар.


