Одбележување на Недела на ЦКА – ПХВ-2024
На ден 26.09.2024 година (четврток), хуманоста беше таа која не спои сите во исто време на исто место, по повод недела на ЦКА – ПХВ-2024 која се одбележува традиционално од 21- 27 септември.
Нашите волонтери од Клубот на млади изготвија нараторски пратечка претстава на тема ,,Приказна за една идеја„ за да го доловат развивањето на Црвениот Крст како движење, почнувајќи од носење на крпи и чаршафи во импровизирана болница од страна на неколку десетици мештани, па се до светски кампањи и вклученост на илјадници волонтери.
Додека траеја проектите, учесниците беа ангажирани и истрајни, па дури некогаш со една рака ги извршуваа училишните задачи, а со друга рака ги изготвуваа активностите за тековните проекти, со цел да не се заостане во ниту еден сегмент.
Сега е време, во неуморните раце на учесниците да припадне и благодарница од страна на нивните дисеминатори како крунисување на нивната непоколеблива трудољубивост.