октомври 4, 2024

Одбележување на Недела на млади

Младите ја вдахнуваат енергијата во промените и се струење кое општеството го движи кон напред.

Традиционално, секоја година, од 01-07 Октомври, ја чествуваме Неделата на младите. Оваа година тоа го направивме преку спроведување на отворен ден во нашите простории, каде што основците и средношколците можеа да се запознаат со структурата и дејноста на еден Клуб на млади, а и по сопствена воља да се зачленат во истиот.

Имавме и поставен штанд каде минувачите добиваа орасположувачки пораки и учеа по нешто од првата помош и дисеминацијата.

< врати се назад