април 4, 2024

Одбележување на 2 април – Светски ден за подигање на свеста за аутизам

На ден 02.04.2024 година (вторник) по повод 2 април – Светски ден за подигање на свеста за аутизам, волонтерите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Куманово  на градскиот плоштад делеа флаери и им врзуваа плави панделкина случајните минувачи во чест на овој ден. Воедно на ден 03.04.2024 (среда) волонтерите од Клубот на млади Куманово го посетија Центарот за лица со интелектуална попреченост “Порака Наша’’ и заеднички со нив се дружеа, цртаа и сложуваа сложувалка по повод Светскиот ден на аутизмот. 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад