Одбележување на 1-ви Октомври – Меѓународен ден на старите лица
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово по повод Одбележување на 1-ви Октомври – Меѓународен ден на старите лица и оваа година традиционално, нашите волонтери ги посетија корисниците на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“.
Овој ден беше исполнет со љубов, внимание и креативност.
Со корисниците од домот, имавме прекрасни моменти плетејќи ракотворби, што не само што им донесе радост, туку и поттикна споделување на искуства и мудрости, а дел од корисниците уживаа во игра на шах, создадовме атмосфера на натпреварувачки дух и пријатна дружба. Овие активности не само што ги забавија, туку и им помогнаа да се чувствуваат активни и вклучени.
Среќни сме што можеме да придонесеме за нивната радост и благосостојба. Овие моменти потврдуваат колку е важно да се почитуваат и вреднуваат нашите стари сограѓани. Со нетрпение очекуваме нови заеднички активности!
На денот на одбележувањето од страна на волонтерите се делеа информативни флаери за правата на старите лица и за нивната здравствена и социјална заштита. На Градскиот плоштад преку информативни флаери од страна на негувателите се промовираше социлајната услуга Помош и нега во домот.