јуни 4, 2022
Обука по прва помош за вработените во ЈЗУ Здравствен Дом Липково
Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово на ден 29.06.2022 година, на вработените од ЈЗУ Здравствен Дом Липково спроведе напредна обука по прва помош. Обуката беше реализирана во просториите на ЈЗУ Здравствен Дом Липково од 9:00 до 11:00 часот од страна на Д-р Арљинда Арифи со асистенција на парамедик Филип Кузмановски.
Преку обуката вработените имаа можност да се запознаат со тоа што претставува прва помош, основно срцево – белодробно заболување, како и транспорт, имобилизација и нега на повреден.