ноември 24, 2020
Недела за грижа на стари лица
Црвениот крст на Република С. Македонија -Општинска организација Куманово согласно Календарот на традиционални акции и активности на Црвениот крст од 16 до 22 ноември ја одбележуваше Неделата на грижа на старите лицa, под мотото „Сите сме нивни деца“.
Во рамки на Неделата општинска организација Куманово со поддршка на УНФПА МК организираа активности за постарите граѓани за превенција и справување од КОВИД 19.
Преку мобилниот тим се спроведе бесплатна услуга за набавка и достава на храна, хигиена, лекови и др. на 19 стари и осамени лица. Исто така се изврши посета на стари изнемоштени лица во рурални средини, преку што се подели хуманитарна помош облека и средства за хигиена.