Недела на борба против туберкулоза
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово ја одбележа Неделата на борба против туберкулоза.
Во овие активности учествуваа ученици и наставници од неколку основни: ООУ,,11-ти Октомври“; ООУ,,Бајрам Шабани; ООУ,,Браќа Миладиновце“; ООУ „Христијан Карпош“ и средни училишта: ОСУ,,Гоце Делчев“-Гимназија; ОСТУ,,Наце Буѓони“ како и Клубот на млади на Црвен крст Куманово
Целта на работилниците е да се подигне свеста за туберкулозата, нејзините симптоми, превенција и важноста на навремено лечење. Учесниците се запознаа со основните информации за оваа болест и методите на превенција, што им помогна да разберат како да се заштитат себеси и своите блиски. Учениците имаа можност да се изразат креативност преку цртање на хамери, што поттикна позитивен дијалог и свест за здравствените проблеми во заедницата.
Со овие иницијативи, Црвен Крст на Република Северна Македонија се стреми да ја подобри здравствената свест во заедницата и да поттикне младите да играат активна улога во борбата против туберкулозата. Овие активности не само што го зголемија знаењето за туберкулозата, туку создадоа платформа за дискусија и размена на идеи меѓу младите, со цел заедно да се бориме против оваа опасна болест.