октомври 28, 2024

Недела на борба против гладта

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово по повод Неделата на борба против гладта која траеше од 16-22 октомври 2024 година, под мотото ,,ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС,, спроведe кампања за помош на најранливите категории на граѓани. Активностите беа насочени кон доброволни прилози наменети за набавка на прехранбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за овие граѓани.

Во Трговски центар Сума Куманово и маркет ,,Тинекс‘‘ беа поставени штандови за собирање на прехранбени производи, како и каси за парични средства.

Исто така имавме дводневна собирна акција во ООУ,,Христијан Карпош“, OСТУ,,Наце Буѓони“, ООУ,,Кочо Рацин‘‘ и ООУ,, Бајрам Шабани‘‘ Куманово, на кои сме бескрајно благодарни, како на учениците така и на вработените, за нивната хуманост.

По повод недела на глад во соработка со Народна кујна – Куманово, нашите волонтери помагаа при дистрибуција на храна, и соработката ќе продолжи и понатаму.

Од собраната храна како и од собраните парични средства ќе се направат прехранбени пакети за најзагрозените семејства од Куманово, Општина Липково и Старо Нагоричане кои во текот на неделата ќе бидат дистрибуирани до корисниците.

< врати се назад