Нахрани 10.000
Црвен крст на Р.Македонија – општинска организација Куманово во рамките на неделата на солидарност која се одржува од 15 – 21 април во соработка со невладината организација Сите Сити под мото Нахрани 10.000 по трет пат се вклучи во организација на акцијата за донирање на конзервирана храна во локалните маркети Тинекс и Елида. Со подршка на волонтерите од Црвен крст Куманово акцијата се спроведе во интервал од 10:00 – 18:00 часот. И овојпат нашите сограѓани ја покажаа својата хуманост и општествена одговорност, а треба да истакнеме и дека Елида маркет како општествено одговорно претпријатие донира дополнителна количина на конзервирана храна како подршка на акцијата и неделата на солидарност. При што вкупната донирана количина на конзервирана храна изнесува 600 кг. По изработка на пакетите со храна истите ќе бидат дистрибуирани до социјално ранливите семејства од Куманово, Липково и С.Нагоричане.