декември 3, 2024

Месец на борба против болести на зависност

Во рамки на Месецот на борба против болести на зависност, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово активно организираше едукативни активности за подигнување на свеста и превенција од болести на зависности под мотото ,,Едуцирај се и донеси одлука!‘‘. Одржани беа 5 врснички едукации во: ОУ„Толи Зордумис“, ОУ „Бајрам Шабани“ (две обуки), СОУ „Перо Наков“ и Клуб на млади на вкупно 150 учесници.

Исто така ги посетивме и локалните кафулиња каде им беа поделени едукативни флаери на граѓаните.

На 29.11.2024 година во кружната сала во Комитет се оддржа работилница со 30 млади каде имаа можност да ги искажат своите ставови и заења на темата Борба против болести на зависност.

Преку овие обуки, учениците и младите имаа можност да научат повеќе за опасностите од зависностите, нивното влијание врз здравјето и животот, како и за начините на превенција и справување. Нашата цел е да ја зголемиме свеста кај младите за важноста на здравите животни избори и да ги поттикнеме да станат промотори на позитивни вредности во својата заедница.

Заедно можеме да ја победиме зависноста и да изградиме здрави генерации!

< врати се назад