август 15, 2024
Летна крводарителска акција
На ден 14.08.2024 година Црвен крст на Република Северна Македонија – општинска организација Куманово заедно со Институтот за трансфузиона медицина спроведе крводарителска акција која се одржа во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Акцијата траеше од 09 до 15 часот, а својата хуманост на дело ја покажаа 50 крводарители.