ноември 4, 2024

Крводарителска акција во СОУ „Перо Наков“ – Куманово

На ден 04.11.2024 година (понеделник) Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово заедно со Институтот за трансфузиона медицина спроведе крводарителска акција која се одржа во СОУ „Перо Наков“ – Куманово.

Акцијата траеше од 08:00 -13:00 часот, а својата хуманост на дело ја покажаа 23 крводарители.

< врати се назад