октомври 25, 2024
Крводарителска акција во ЈП – Водовод Куманово
На ден 21.10.2024 година (понеделник) Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово заедно со Институтот за трансфузиона медицина спроведе крводарителска акција која се одржа во ЈП – Водовод Куманово.
Акцијата траеше од 08:30 -13:00 часот, а својата хуманост на дело ја покажаа 34 крводарители.