април 5, 2024

Крводарителска акција во Гимназија „Гоце Делчев“

 
На ден 05.04.2024 година, од 08:30 – 13:00 часот Црвен крст на Република Северна Македонија – општинска организација Куманово во соработка со Институтот за Трансфузиона Медицина организираше крводарителска акција во просториите на Гимназија „Гоце Делчев“
Акцијата беше успешно реализирана, а учениците од Гимназија „Гоце Делчев“ својата хуманост ја покажаа со дарување на 27 крвни единици.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад