
февруари 19, 2025
Kрводарителска акција со „Извидници – Куманово“
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во соработка со „Извидници – Куманово“ од 09 – 14 часот организираше крводарителска акција. Крводарителската акција беше организирана во просториите на хотел „Солун“. Членовите од здружението уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело и притоа беа собрани 14 крвни единици.