октомври 12, 2023
Крводарителска акција во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово
На ден 12.10.2023 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово заедно со Институтот за трансфузиона медицина спроведе крводарителска акција која се одржа во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово. Акцијата траеше од 13-18 часот, а учениците од СОУ Гимназија „Гоце Делчев„ својата хуманост ја покажаа со дарување на 41 крвни единици.