Кампања по прва помош за млади
Црвениот крст на РСМ започна со кампања по прва помош под мотото “Првата помош спасува живот” со која е предвидено до крајот на годината да се спроведат бесплатни обуки за деца од основни и средни училишта во целата земја. На овие обуки децата ќе имаат можност да стекнат основни знаења за укажување на прва помош како брза и витална интервенција чија цел е да се спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди и инвалидитет.
Во рамките на кампањата, Црвен крст на РСМ- Општинска организација Куманово на 12.09.2022 започна со првата обука која беше спроведена во ООУ,,Крсте Мисирков‘‘ Куманово на која присуствува 150 ученици.
Општинската организација Куманово е предвидено да обучи 2204 ученици од 12-18 години од основните и средни училишта на територијата на општина Куманово. Обуката ќе ја спроведуваат предавачи/демонстратори по прва помош, а истата е предвидено да трае до 15.12.2022. По завршување на обуката сите ученици ќе добијат благодарници за учество.