јули 25, 2024

Кампања “За безбедно лето” под мотото “Вози одморен”

На ден 25.07.2024 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово се приклучи на Кампањата “За безбедно лето” под мотото “Вози одморен” заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и МВР на Граничниот премин Табановце..

На учесниците во сообраќајот од страна на нашите волонтери им беа поделени води, превентивно едукативен материјал за правила и прописи кои треба да ги почитуваат и им беше предочено на пат секогаш да тргнуваат одморени, да прават чести паузи и во овој топол период да конзумираат многу вода и безалкохолни пијалоци.

< врати се назад