септември 1, 2020
Хуманитарна помош за социјално ранливи семејства
Во текот на изминатите две недели волонтерите на Црвен крст на Р. Македонија – општинска организација Куманово во соработка со ОШЗС организираа дистрибуција на хуманитарна помош донација од USAID за социјално загрозени семејства. По тој повод на приближно 200 социјално загрозени семејства од општините Куманово, Липково и С. Нагоричане им беа поделени прехрамбени и хигиенски пакети. Волонтерите на Црвен крст на Р. Македонија – општинска организација Куманово и во наредниот период ќе продолжат со дистрибуција на хуманитарна помош до социјално ранливи семејства на кои помошта им е најнеопходна.