февруари 24, 2023
Хуманитарна помош за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија
Црвен крст на Република Северна Македонија – Oпштинска организација Куманово во период од 10- 21.02.2023 година поради катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Турција и Сирија, организираше хуманитарна акција со цел помош и поддршка за настраданото население. Во ООУ „Толи Зордумис“ Куманово и сендвичара Златна 9 -ка беа поставени касички за помош каде од донации на хуманите граѓани вкупно се собрани 32.310 денари кои ќе бидат уплатени на сметката на Фондот за солидарност. Вработените и учениците од ООУ ,,Крсте Мисирков‘‘ Куманово донираа прехрамбени продукти, средства за хигиена како и кебиња кои се доставени во Централниот магацин на ЦКРСМ од каде ќе бидат транспортирани во погодените региони.