октомври 12, 2023
Хуманитарен настан за собирање на парични средства наменети за нашата мала сограѓанка Јована Илиевска 
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово на ден 12.10.2023 година, во соработка со Хуманитарна организација „Дарио Петровски“, организираше хуманитарен настан со цел да се соберат парични средства кои ќе бидат наменети за помош на нашата мала сограѓанка Јована Илиевска која боледува од церебрална парализа.
Настанот се одвиваше во „Yard“, а публиката ја забавуваше нашиот кумановски бенд „The Solution“. Исто така, на настанот имаше и аукција на која се продаваа уметнички дела донирани од нашите уметници г-дин Кушински и г-дин Тасевски. Воедно, со своја донација учествуваа и златара „Фиоре“, како и цвеќара „Нолина“, чии донирани производи се продаваа на самиот настан.
Голема благодарност до сите Вас кои присуствувавте на настанот и уште еднаш ја покажавте својата хуманост на дело, а со тоа и ни помогнавте сите заедно да се потрудиме да и подариме подобро детство на Јована.