
декември 30, 2022
Годишен состанок и новогодишна забава за волонтери
На ден 30.12.2022 се одржа годишен состанок и новогодишна забава за волонтерите од Клубот на млади при ООЦК Куманово. На состанокот присуствуваа 30 волонтери.
Преку неколку кратки видеа волонтерите се навратија во текот на целата 2022 година и имаа можност да ги погледнат активностите кои што беа реализирани.
На состанокот исто така беа прогласени волонтери на месец (јуни-декември).








Честитки до волонтерите и голема благодарност за вложениот труд и нивните волонтерски часови.
По состанокот волонтерите играа “Secret Santa” каде што си разменуваа подароци меѓусебе и со тоа ја започнаа новогодишната забава.
Ви благодариме волонтери за уште една успешна година