мај 19, 2022
Дистрибуција на хуманитарна помош
Црвен крст на Република Северна Македонија – општинска организација Куманово во текот на вчерашниот ден 18.05.2022 година со своите волонтери го посети шест членото семејство Величковски од кумановско Пелинце кое живее во многу тешки животни услови. По објавената сторија за семејството кое е во многу тешка состојба, а некои од децата се болни и со посебни потреби им беше доставена хуманитарна помош од прехранбени и хигиенски пакети, вода, облека и обувки, кебиња и душеци. Исто така поделена е помош од прехрамбени и хигиенски пакети на уште 8 семејства на територија на Општина Старо Нагоричане.
Да се помогне и олесни животот на секоj и да се почитува сечиј живот е основната цел на Црвениот крст. Да бидеме хумани!