
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во рамките на традиционалните активности ја одбележа Неделата на борба против ракот, која се одржа од 1 до 8 март 2025 година.
По повод Неделата, под мотото „Раната детекција спасува живот“,Општинска организација Куманово организираше 5 едукативни работилници во просториите на Црвен крст Куманово со членовите и волонтерите на Општинската организација Куманово. На истата, 105 учесници беа едуцирани за тоа како можат да ги намалат ризиците од развој на карцином со едноставни превентивни мерки и промена на животните навики, посебно кај младата популација, како што се здрава исхрана и одржување на нормална телесна тежина, практикување на физичка активност престанок со пушење, конзумирање на алкохол, умерено изложување на сонце и слични навики кои треба да ги усвоиме во секојдневното живеење.
Воедно, оваа година во одбележувањето на оваа недела се приклучија и учениците од училишниот клуб при ОСТУ „Наце Буѓони“, кои на работилницата изработија панделки во знак на борба против ракот и истите ги поделија на останатите ученици и професори во самото училиште.




