декември 5, 2019

Одбележан 5-ти декември- Меѓународен ден на волонтери

По повод 5-ти декември меѓународен ден на волонтери, општинската организација на Црвен крст Куманово во соработка со “Ротари Клуб” Куманово, организираа крводарителска акција во ОУ “Кочо Рацин”. Во склоп на овој настан, волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Куманово организираа изложба на фотографии во холот на училиштето и запознавање на учениците и колективот од училиштето за работата и активностите на клубот како и можноста за зачленување на нови потенцијални волонтери.

< врати се назад