ноември 17, 2019

Настан за подигање на свеста кај младите за превенција од малолетничко престапништво

Во организација на локалниот совет за превенција од малолетничко престапништво на ден 17.11.2019 година во центарот на градот пред Стопанска банка, се одржа настан кој имаше за цел подигање на свеста кај младите за превенција од малолетничко престапништво преку креативни работилници, културно – забавни и спортски содржини како и показни вежби. На настанот покрај претставници од секторот за превенција при СВР Кумнаово, учествуваа и претставници од повеќе локални училишта и здруженија како и волонтерите од општинската организација на Црвен крст Куманово. Волонтерите од општинската организација на Црвен крст Куманово пред присутните имаа можност да се претстават со тактичко-показна вежба за правилно укажување на прва помош на повредени лица.

< врати се назад